Сите знаете дека некои производи за убавина никогаш не треба да се делат со други, но често го заборавате тоа, па правите исклучоци.
Дерматолозите предупредуваат дека ваквите навики доведуваат до разни инфекции, кои можат да предизвикаат и поголеми проблеми. Погледнете кои производи никогаш не треба да ги позајмувате на вашата сестра, мајка или пријателка.
Креми – Први на листата се сите препарати кои се во тегли, и тоа дневни и ноќни креми, креми за нега на пределот околу очите, некои балсами за усни и подлоги за лице. Секогаш мијте ги рацете пред да ги користите и никогаш не дозволувајте некој друг да ги „мацка“ прстите во вашите тегли за убавина.
Маскара – Лесно може да се појават инфекции на очите бидејќи кожата околу очите е почувствителна, а маскарата е совршена за складирање на бактерии и вируси. Ова не значи дека вашата најдобра пријателка е заразна, туку дека секоја кожа е различна.
Кармини – Кармините и балсамите не се делат, иако секогаш можете да ги исчистите со марамчиња со алкохол, а потоа да ги дадете на пријателка. Сјаевите за усни се посебна приказна, бидејќи се лепливи и затоа попогодни за развој на бактерии.
Сенки за очи – Кремастите сенки и руменила најчесто се нанесуваат со прстите, што е доволна причина да не ги делите со други. Сепак, најчеста грешка е позајмувањето четки за шминка бидејќи може да добиете дури и мозолчиња. Се подразбира редовно да ги одржувате четките за шминка, што значи редовно миење со благ шампон и долго испирање со вода, а потоа природно сушење.
Прибор за нокти – Бактериите лесно се собираат на овие додатоци, а инфекциите брзо се шират. Истото важи и за лакот за нокти.