Еве како да ги намалите ужасните болки во стомакот за време на менструацијата!
Првиот ден од менструалниот циклус е ноќна мора за многу жени. Страшни стомачни болки, како некој да ве „боде“ со ножеви, треперење, нервоза – ова се само дел од симптомите.
Повеќе од 90 отсто од жените велат дека доживуваат некој вид на предменструални симптоми, според Канцеларијата за женско здравје, оддел на Министерството за здравство на ОК. Симптомите вклучуваат стомачни грчеви, болки во грбот, несоница, интензивна желба за храна, појава на акни и други непријатни ефекти.
Експертот за женско хормонално здравје Алиса Вити ја откри тајната за намалување на симптомите пред и за време на менструалниот циклус. Нејзиниот метод се базира на четирите фази од менструалниот циклус: менструална фаза, фоликуларна фаза, фаза на овулација и лутеална фаза.
За време на менструалната фаза, таа ги охрабрува жените да јадат храна богата со протеини додека прават лесни вежби, како што се јога и пилатес. По менструалната фаза следи фоликуларната фаза, кога жените имаат тенденција да имаат повеќе енергија.
Во тоа време, Вити ги советува жените да јадат ферментирана храна и да се занимаваат со кардио. За време на фазата на овулација, кога жените имаат највисоки нивоа на естроген во месецот, тие треба да јадат повеќе сирова храна и да комбинираат тренинзи со висок интензитет. Последната и најдолга, лутеална фаза носи висок прогестерон, кога фокусот треба да биде на јадење коренест зеленчук и тренинг за сила, вели таа.
Најпрво треба да одите на редовни гинеколошки прегледи и да се консултирате со вашиот лекар.