Направете го ОВА и во вашата бања нема да се прави бигор – Ќе заборавите на чистењето

popara16 август, 20231min00
676

Бигорот е прилично честа појава во домаќинствата, особено во постарите куќи и станови, а многу фактори придонесуваат за неговото таложење.

Главни „виновници“ за формирањето на бигорот се минералите во водата, на прво место калциумот, потоа магнезиумот и други, но важен фактор може да бидат разните детергенти и сапуни.

За да спречите таложење на бигор, преземете ги следните чекори.

Користете омекнувач на вода

Омекнувачите на вода се уреди кои ги отстрануваат калциумот, магнезиумот и другите минерали од доводот на вода, а тоа е многу ефикасен начин за да се спречи појавата на бигор. Благодарение на него, водата не е толку „тврда“.

Користете филтер за вода

Вториот начин е филтерот, а иако има најразлични видови, најпопуларни се оние за славината, односно приклучоците на славините кои лесно ги отстрануваат нечистотиите, опасните органски соединенија, бактериите, тешките метали, фенолите…

Исчистете го водоводот

Редовното чистење на водоводните цевки е еден од најдобрите начини за превентивно делување против појавата на бигор, а најдобро би било тоа да го правите што почесто. Во комбинација со омекнувач на вода, ова треба да ве ослободи од сите ваши грижи.

Користете раствор од сода бикарбона

Сода бикарбоната е природно соединение кое помага да се отстрани калциум карбонатот од цевките, а најдобро делува во комбинација со оцет. Помешајте една лажица сода бикарбона со 150 мл оцет и истурете ја смесата во цевката, па оставете ја да отстои околу 20 минути. Потоа истурете топла вода за да ја исплакнете.