Меѓутоа, неодамнешните истражувања укажуваат на потенцијалните придобивки од месото кое има големи количества масти, но се разбира, оние здравите
Месото, основна намирница во многу диети и кујни, е извор на важни хранливи материи и протеини. Сепак, од друга страна се неговите негативни ефекти. Одредени видови месо, како преработено или црвено, може да имаат влијание врз здравјето на срцето, но и на вишокот килограми.
Неодамнешните истражувања, сепак, укажуваат на потенцијалните придобивки од месото кое има големи количини на масти, но секако оние здравите. Нутриционистката Мери Сабат откри дека масните риби како лосос, сардината и скушата можат да му помогнат на вашиот кардиоваскуларен систем и да се борат да го одржуваат вашиот струк.
Масната риба, позната по високата содржина на омега-3 масни киселини, помага да се намали воспалението, да се подобри функцијата на крвните садови и да се намали нивото на триглицериди.
„Овие риби се богати со омега-3 масни киселини, особено со EPA (еикозапентаенска киселина) и DHA (докосахексаенска киселина). Омега-3 масните киселини се поврзани со намален крвен притисок, пониски нивоа на триглицериди и подобрена функција на ендотелот“, заклучува Сабат.