Алиштата со денови ќе мирисаат добро и ќе бидат помеки од кога било: Наместо омекнувач, додадете само 3 капки од ова

popara16 август, 20231min00
ves-pranje-750x430

Дали знаете дека можете да избегнувате хемикалии и да ги перете алиштата на еколошки начин, а да мирисаат долго време свежо и да бидат помеки од кога било? Овие две состојки се одлична замена.

Оцет

Со оцет можете да ја исчистите бањата, да ги отстраните дамките од пеглата, микробрановата, фрижидерот, но сега можете да го користите и како омекнувач.

Се препорачува да користите јаболков оцет и дестилиран алкохолен оцет. Истурете не повеќе од 3 лажици оцет во преградата за омекнувач, со оваа доза алиштата нема да мирисаат на оцет, а ќе бидат неверојатно меки и кадифени.

Есенцијални масла

Ако користите омекнувач исклучиво за мирис, постои и природна варијанта. Мирисни, нежни и опојни, есенцијалните масла се користат во козметиката, масажата и освежувањето на просторот, а нивните прекрасни мирисни ноти може да се апсорбираат и со перење.

Измешајте 2-3 лажици есенцијално масло по ваш избор со 2 чаши оцет. Добро измешајте, за да можете да го користите како класичен омекнувач и истурете го во машината за перење, но и како спреј за прскање на веќе испраните алишта.

За свеж мирис, можете да користите есенцијално масло од еукалиптус и нане; ако сакате вашите алишта да мирисаат како да сте ставиле парфем, ставете бадемово масло, додека лавандата ќе мириса чисто и нежно, пишува „Najžena.hr“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag