Икона на музиката, филмот и перформансот, Џенифер Лопез е миленичката на сите папараци. Таа ја менува облеката од ден на ден, па ја гледаме во скапи тоалети на престижни настани, во тесни комплети кога излегува од теретана, лелеави фустани кога оди на шопинг и елегантни комбинации кога станува збор за деловен состанок – како денес.
Пејачката со огромна насмевка се упати по улиците на Њујорк за да направи деловен договор.
За таа прилика избра сатенско фустанче во боја на кајсија, со исечок напред, кој го искомбинира со сандали во боја на кожа.
Металик чантата, очилата во нијанса на фустанот и златен накит одлично се споија.
Дивата имаше фенирана коса со нагласен волумен, како и минимална шминка на лицето.