Новото истражување дошло до заклучоци кои ќе ве израдуваат
Не секој има можност да спие попладне, а експертите се обидоа да откријат колку оваа дремка е корисна за нашиот организам.
Некои сметаат дека оваа навика не е добра бидејќи може да го наруши ноќниот сон, но и да укаже на сериозни болести и состојби. Сепак, постои општ консензус дека дремењето може да биде здраво и корисно за луѓето кои треба да го надокнадат сонот во текот на денот, но само ако тоа трае минимум 20 до 30 минути или не подолго од 90.
Експертите веруваат дека идеално време за дремка е веднаш по ручекот, а не доцна попладне или блиску пред спиење.
Според истражувачите од Универзитетот во Лондон, редовниот попладневен одмор од околу 15 минути исто така го подобрува извршувањето на одредени когнитивни задачи.
Научниците ги анализирале генетските податоци на испитаниците (375.000) и заклучокот е дека попладневното спиење е поврзано со подобрувањето на здравјето на мозокот и општо когнитивното здравје, а исто така го зголемува вкупниот волумен на мозокот кој се намалува со возраста.
Скенирањето на овој дел од главата на испитаниците покажало дека оние кои редовно дремат имаат поголем мозок за околу 15 кубни сантиметри и дека е приближно 2,6 до 6,5 години „помлад“, во споредба со оние кои не одмараат денски.