„Да не бев војник на татко ми, ќе ме пратеа да ме поправаат доктори“: Бритни Спирс конечно проговори за разводот

popara20 август, 20231min00
Screenshot_3

Американската поп-пејачка Бритни Спирс конечно проговори за разделбата со сопругот Сем Асгари. Иако смета дека бракот и разводот се приватни работи, таа „не можела повеќе да ја поднесе болката“.

 

 

 

 

„Како што веќе знаете, јас и Хесам повеќе не сме заедно… Шест години се многу, па малку сум шокирана. На телепатски начин добивам многу пораки од пријателите, а тоа ми го исполни срцето и Ви благодарам. Предолго се претставувам како силна, на мојот Инстаграм сѐ изгледа совршено, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа“, вели Спирс.

 

Во долгата објава, таа вели дека би сакала да ги покаже „своите емоции и солзи“, но од различни причини секогаш морала да ги крие „своите слабости“. Исто така, таа вели дека доколку не се однесувала така, ќе ја прателе на лекување.

 

„Потребна ви е безусловна љубов, а не љубов со услови. Затоа ќе бидама силна колку што можам и ќе дадам сѐ од себе. И всушност ми оди прилично проклето добро. Како и да е, имајте убав ден и не заборавајте да се насмеете“, напиша Спирс на Инстаграм.

 

Како потсетување, Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа во јуни 2022 година, на свадбена церемонија во куќата на поп-ѕвездата. Меѓу гостите беа Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез.

 

Тие беа во врска шест години пред да се венчаат, а се запознаа на снимањето на видеозаписот за песната „Slumber Party“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag