Летниот период е познат по тоа што често се случува да бидеме опколени со пчели и оси.
Нешто на што постарите сите нѐ научиле е дека кога ќе дојдат овие инсекти во наша близина, не треба многу да мрдаме и да ги разлутуваме.
Сепак, понекогаш дури и ако не им правиме ништо тие може да нè каснат, а убодот од оса може да биде поопасен отколку што си замислувате (секако, не секогаш).
Прочитајте ги овие неколку совети и имајте ги на ум ако ве касне оса или тоа му се случи на некој околу вас:
Јавете се на брза помош
Ако некој што е во ваша близина го касне оса (а истото важи и за вас), мора веднаш да побарате брза помош доколку човекот е алергичен или ако има некои од овие симптоми:
- Вртоглавица и лошење
- Голтнат јазик
- Црвенила и сериозно воспаление на кожата
- Тешко дишење
Отстранете го осилото
Ова може да го направите со пинцета или ако не ви е при рака, тогаш со нокти. Исто така, осилото може да се извади и со остар и рамен предмет како што е кредитна картичка. Но, внимавајте да не стискате многу за да не го втиснете отровот подлабоко.
Ставајте ладни облоги
Воспалението и отокот од убод на оса се речиси неизбежни, но може да бидат минимизирани и елиминирани со ставање ладни облоги на болното место. Ова веќе сигурно го знаете, па затоа замотајте неколку коцки мраз во ткаенина или ако немате при рака, може да послужи и некој метал.
Третирајте го убодот
Прво, местото на убодот треба да биде исчистено добро и потоа да намачкате маст за против воспаленија. Доколку немате, може сами да измешате сода и вода. А, одлична замена се и медот или пастата.
Покријте со газа, оставете да постојат и потоа исплакнете. Може да повторувате повеќепати.
Земете лекови
Аналгетици или апчиња против алергија понекогаш се неопходни за да ја намалат болката или алергиската реакција. Секако, за ова мора прво да се консултирате со стручно медицинско лице кое ќе ви даде инструкции за тоа како да ги користите.