Во секој врска постојат падови и среќни моменти. Но, тоа не значи дека треба да го толерирате партнерот кој не е посветен кон вашата емотивна и психолошка благосостојба. Животот е краток за да го поминете со себични луѓе кои мислат само на себе.
Зошто тогаш има примери на добри луѓе кои и натаму се во врска со партнер кој постојано ги запоставува и прави да се чувствуваат лошо. Следните четири причини го објаснуваат овој необичен, но чест феномен.
- Страв од самотија
Многу луѓе повеќе би биле во лоша врска, отколку сами. Тоа е заклучокот на многу научни истражувања за оваа тема. За овие лица не постои ништо полошо од самотија и тие се подготвени да трпат многу од својот партнер само за да го избегнат раскинувањето.
- Недостаток на самодоверба
На луѓето со помалку самодоверба им е најтешко да го остават токсичниот партнер. Тие го усвојуваат критиките на партнерот и се обвинуваат себе за неговото недолично однесување, иако токму тие се жртвите во таква врска.
- Верување дека работите ќе се променат
Убаво е да мислите дека работите би можеле да бидат како некогаш, кога сте живееле во љубов и слога со партнерот. Таквото верување меѓутоа нема да ја промени вашата лоша ситуација во сегашноста, ќе направи се да бидете пасивни и неподготвени да се борите за својата среќа. Понекогаш е потребно навреме да излезете од автомобилот кој оди кон провалија.
- Страв од одбивање
Луѓето често остануваат во токсични врски бидејќи се плашат дека нема да најдат друг партенер. Сметаат дека е подобро да бидат во било каква врска, дури и лоша, отколку повторно да излегуваат и да бараат сродна душа, која може лесно да заврши со неуспех.