Удобно кардио е нов тренд кој го обожаваат сите жени: Тренирање во пижами додека ја гледате омилената ТВ серија или читате книга

popara21 август, 20231min00
shutterstock348100388-830x0

Самата помисла на тренинг не насочува кон одење во теретана, трчање надвор или одвојување катче внатре во домот, кое ќе биде нашата домашна теретана.

Сепак, колку и да сакаме да го внесеме светот на фитнесот, здравите навики и вежби во нашиот дом, за некои тоа сепак не е соодветна опција.

Во последно време на интернет кружи „удобно кардио“, начин на тренирање кој многу луѓе, особено дамите го обожаваат.

Имено, жените масовно купуваат ленти за трчање, кои можат да ги постават во аголот на собата и да ги користат кога сакаат. Тоа е една од клучните работи на овој тренд.

Откако ќе се разбудат наутро, подготвуваат кафе и вода во пижами и ги оставаат во просторијата. Во средината на просторијата во која го поминуваат поголемиот дел од времето, поставуваат лента за трчање. Во пижами и бањарки се подготвуваат за долга прошетка и согорување калории, додека на телевизорот пред нив се пушта нивната омилена серија или филм, горат миризливи свеќи, а на дофат се далечинскиот управувач, кафето и водата.

Некои дури успеале да пешачат по еден час во придружба на лесна музика додека ја читале својата омилена книга. Една инфлуенсерка се пофали со ова на профилот на TikTok, @hope_zuckerbrow.

@hope_zuckerbrow

COZY CARDIO💗 #fyp #booktok #cardio #cozy #walkingpad #spicybooks #cozycardio #weightloss

♬ Cute Girl – EXJUNE

Можете ли да замислите да гледате серија или да читате книга додека согорувате калории? Па, сега и тоа е можно.

После тоа, тие подготвуваат појадок и се подготвени за тој ден.

Многу фитнес почетници се „заљубија“ во овој тренд, а можете само да замислите колку луѓе ќе почнат да го прават ова кога ќе дојде студеното време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma