На сите сопственото бебе ни е најслатко, но американскиот актер Чад Мајкл Мареј и неговата сопруга Сара Ромер неодамна на социјалните мрежи открија мал, неописливо симпатичен детал од семејниот живот кој сигурно ќе ве погоди.
Ѕвездата на култната тинејџерска серија „Tree Hill“ и неговата сопруга, американска манекенка и актерка, минатата недела станаа родители по трет пат. По две деца, син роден во 2015 година и ќерка родена во 2017 година, чии имиња се уште не се откриени, парот доби девојче. А кога малечката дошла дома со мајка си, забележале необичен детал на ногата на бебето.
“Нашето девојче пристигна минатата недела со срцето на глуждот. Многу сме заљубени”, се пофали 38-годишната актерка која се прослави со улогите во филмовите “Hachi: A Dog’s Tale” во кои глумеше со Ричард Гир и во хорор филмот „Asylum“.
Таа напишала дека таа и нејзиниот сопруг ги впиваат драгоцените моменти со децата, па дури и оние „незгодните“ затоа што тие пребрзо поминуваат, пренесува Daily Mail.
View this post on Instagram
Среќниот 41-годишен татко ја сподели истата фотографија од родениот белег на неговата ќерка во облик на срце на неговата приказна на Инстаграм со кратката порака: „Срцето е полно #семејство“.
Тие се запознале на снимањето на трилер серијата „Chosen“ во 2013 година и тајно се венчале во септември 2014. Во јануари откриле дека нивното прво бебе е на пат, а потоа откриле и дека се венчале. Актерот потоа проговори за тоа како го променило раѓањето на неговиот син во 2015 година.
„Да се има семејство ја менува вашата перспектива за сè. Мислам, тоа го менува целиот свет. За мене тоа беше најдоброто нешто што ми се случило. Имањето деца ја менува играта и мислам дека секогаш се шетате со менталитет дека сакате да знаете дека тие се безбедни, сакате да ги заштитите, да бидете пример за нив“, рече тој во интервју за „Ентертејмент тунајт“.
А кога летово на Инстаграм открија дека доаѓа нивното трето дете, тој во објава додаде: „Патуваме низ светот како мала глутница – ова бебе веќе го има насекаде, а уште не е ни родено“.
На крајот, тој призна дека ги избира улогите само по еден критериум: што би можеле да мислат неговите деца за него кога ќе го видат еден ден во таа улога?
„Минатата недела се појави проект и само поради содржината, тоа не беше нешто што сакав мојот син да го види кога ќе порасне. Мислев дека парите не вредеа за тоа“, заклучил тој.