Oвие хороскопски знаци немаат воопшто среќа.
Ова се трите најголеми баксузи меѓу хороскопските знаци
ДЕВИЦА
Девиците се вешти кога се работи за решавање туѓи проблеми и советување, но самите себеси не умеат да си помогнат. Кога се нервозни, тие рибаат, чистат, па животниот простор им е толку стерилен што гостите се чувствуваат по малку непријатно, напнато и неудобно.
Сите работи ги пакуваат уредно, ги сортираат и етикетираат, а кога нешто не оди по планот, веднаш ги фаќа паника. Нивниот живот постојано ги изненадува непријатно. Таман средиле сѐ, на тепихот ќе се истури чаша вино. Таман ве усогласиле со нивниот емоционален компас, вие сте направиле нешто неочекувано, и сега повторно мораат сѐ да преиспитуваат, анализираат.
ВАГА
Она што најмногу ги нервира Вагите е неправдата. Ја гледаат насекаде околу себе, а честопати ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им го нарушува мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои зборуваат без да размислат, па потоа со денови размислуваат како можеле да постапат поинаку.
Им годат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен, па затоа никогаш не се помируваат со знаците на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди во светот. Исклучително сакаат да си играат детективи, да разоткриваат неверства, лаги и измами, само проблемот е во тоа што сѐ сфаќаат лично.
Според нив, и самиот факт што постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога ги решаваат туѓите проблеми, ги доживуваат како свои. Се сметаат за емпати, но големо прашање е колку воопшто се во состојба да излезат од својот свет и поинаку да ги согледаат работите.
РИБИ
Рибите многу малку имаат контакт со реалноста, па постојано запаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие имаат зацртано во својата глава како би требало да изгледа нивниот живот и како би требало да функционира совршениот свет, но тоа секогаш се судира со реалноста.
Кога ќе наидат на проблем што тешко се решава, секогаш се обидуваат со сила да го довлечат проблемот на своја територија, во својот свет каде што владеат поинакви закони на физиката, математиката… Ова е посебно изразено кога се под дејство на алкохол или се понесени од емоциите.