Оваа мала инфекција која може да се појави и на други делови од телото не е опасна и лесно може да се отстрани
Херпесот е прилично честа инфекција и се карактеризира со појава на мали, обично болни плускавци на површината на кожата и мукозните мембрани.
Како изгледа кога ќе излезе на усните?
Грозницата на усната се јавува во форма на мали плускавци исполнети со жолтеникава течност. Кај некои луѓе тие можат да бидат помали, кај други поголеми, па симптомите се разликуваат. Покрај тоа, тие можат да се појават на грбот, очите или дури и на гениталиите. Сепак, херпесот на усните е најчеста појава.
Херпесот на усните не е ништо страшно, затоа не плашете се. Вистина е дека изгледа непривлечно и малку грдо, па сосема е разбирливо зошто сакате што побрзо да се ослободите од него. Понекогаш не е толку едноставно, но мора да се обидете.
Подолу ви претставуваме природни начини како да се ослободите од него.
Медот како лек за херпес
Верувале или не, медот е многу ефикасен доколку сакате што побрзо да се ослободите од херпесот. Само треба да нанесете малку мед на херпесот и да го оставите да делува до десет минути, а потоа да го измиете. Ќе видите разлика.
Хидроген пероксид
Три процентниот водород пероксид е познат како одлично средство за дезинфекција, дури и за херпес. Натопете памук со ова средство и намачкајте го на местото каде што е херпесот. Не плашете се кога ќе видите пена, тоа е природна реакција и може да пецка. Користете го на секои два до три часа, пишува „Minut za mene“.
Масло од чајно дрво
Одлично е за мозолчиња, но и за општа дезинфекција на кожни лезии и други воспаленија. Натопете стапче за уво, тупфер или памук во масло од чајно дрво и нанесете на болното место. Маслото од чајно дрво може да го исуши херпесот за да го направи помалку видлив. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати на ден.
Лук
Ова е едноставен и евтин начин да се ослободите од херпесот што е можно поскоро. Исчистете чешне лук, исечете го на половина и тријте го на проблематичната област до три пати на ден.
Кокосово масло
Најдобро е да го примените овој природен лек уште пред да се појави херпесот, односно кога ќе почувствувате дека ќе ве „зафати“. Нанесувајте кокосово масло во интервали од еден час. Добро е секогаш да го имате со себе, доколку сте склони кон појава на херпес.