Капут за време на лето? Анџелина Џоли вели „да“ и ужива со пријателите и покрај летните температури

popara22 август, 20231min00
2c9b57e45089e906f66b223b160f4f35a04d4d57

Анџелина Џоли неодамна беше фотографирана како се среќава со пријателите на ручек во Њујорк. Актерката (48) изгледаше насмеано и расположено во целосно црно издание.

Таа е облечена во црн макси фустан, а над него има долг капут во иста боја, што е невообичаено, со оглед на тоа што во Њујорк има летни температури. Сепак, изгледа дека и е најудобно да биде облечена на тој начин.

Трикратниот добитник на Златен глобус, сепак, го „скрши“ црнилото со чевли во боја на кожа и црно-бела чанта.

Анџелина пред неколку месеци ја промени бојата на косата, па од долгогодишна бринета стана русокоса, а сега изгледа дека има уште повеќе руси прамени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma