Ако сакате косата побрзо да ви расте, изберете серум со ова масло: Ѝ го враќа сјајот, еластичноста и волуменот на косата

popara22 август, 20231min00
rast-kose-0405972898

Убавата, долга и пред се здрава коса за многумина е синоним за убавина. Меѓутоа, многумина несвесно прават разни работи кои го оштетуваат и го забавуваат нејзиниот раст. Без разлика дали страдате од проблеми со скалпот, прекумерно го иритирате скалпот со несоодветни производи, претерано фарбате или носите стилови што ги оштетуваат и косата и скалпот или едноставно имате проблем со опаѓање поврзано со возраста, постојат многу начини да се спречи овој проблем.

Серумите за раст се еден од чекорите кои можат да помогнат при опаѓање на косата, а за среќа со текот на годините се појавија многу производи кои го таргетираат скалпот и самите корени на косата и го враќаат волуменот и густината, ги смируваат иритациите и ја негуваат косата.

Сепак, многумина не се сигурни кој серум да го изберат, а оние кои се повеќе дерматолози ги избираат се оние кои содржат масло од тиква, токму поради високата содржина на хранливи материи кои го трансформираат фоликулот на косата.

Како што тврдат експертите, доколку имате ретка коса или сува, иритирана кожа на главата, решението не е секогаш само да го промените шампонот. Користењето на дневен серум за скалпот со масло од семки од тиква и масажата на скалпот е одличен начин да ја зголемите циркулацијата, што ќе помогне вашата коса да расте побрзо.

 Ulje bundeve je dobro za rast kose.

Зошто маслото од семки од тиква е ефикасно?

Маслото од семки од тиква е познато по своите антиинфламаторни својства кои помагаат да се намали воспалението на скалпот и на тој начин да се подобри целокупното здравје на косата. Исто така, може да помогне во зајакнувањето на циркулацијата во самиот скалп, што доведува до побрзо „доставување“ на основните хранливи материи до фоликулите на косата за поздрав раст. Згора на тоа, маслото од семки од тиква може да помогне да се намали опаѓањето бидејќи ја зајакнува самата коса.

Маслото од семки од тиква содржи омега-3 и 6 масни киселини, како и витамини А, К, Е и цинк, кои придонесуваат за здрав раст на косата. Освен тоа, помага и за намалување на првутот и иритацијата на скалпот што може да доведе до проретчување на косата, објаснуваат експертите.

 ulje bundeve koristi se sa drugim.

Како се користи?

Најдобар начин да го користите маслото е во комбинација со други природни состојки како кокосово масло или масло од јојоба. Измешајте неколку капки масло со една кафена лажичка друго природно масло и масирајте го скалпот со кружни движења. Идеално е ако имате силиконски масажери кои ќе и помогнат на кожата навистина да го впие маслото и да навлезе до самиот корен.

Оставете го да делува преку ноќ, или најмалку 30 минути, пред да го измиете. Секако, за да видите резултати, треба да го правите ова редовно, што значи барем еднаш неделно или два пати неделно доколку не користите чисто масло туку серуми. Дополнително, можете да измешате неколку капки масло од семки од тиква во вашиот обичен шампон или регенератор за максимални придобивки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma