Како да го зачувате тенот после одмор? Моркови за бронзен тен

popara22 август, 20231min00
724671_pexels-andrea-piacquadio-3812753_m

Јадете храна со бета-каротeн бидејќи овој растителен пигмент го продолжува резултатот од сончањето…

Многумина од вас веќе се вратија од годишниот одмор и она што најмногу го сакате е бојата од одморот да трае. Кожата се регенерира, а ако брзо поцрнела, површинскиот тен брзо ќе исчезне, велат експертите. Ако не се пакувате за уште едно морско патување, обидете се да го задржите вашиот бронзен тен со неколку совети.

Туширајте се со млака вода

Туширајте се со млака вода и благ сапун или гел. Ќе ви одговара и ладен туш на крајот бидејќи поттикнува подобра циркулација. Брзо туширајте се и нанесете крема на вашата кожа без премногу триење за да не го отстраните површинскиот исончан слој. Избегнувајте капење во топла вода, бидејќи може да ја дехидрира кожата, предизвикувајќи бојата да се лупи побрзо.

Туширањето нека биде кратко, а кремата за после капење е задолжителна

По туширањето, нанесете ја кремата во мали количини, додека кожата е уште влажна, за полесно да се размачка. Голема количина на производи за нега ја задушува кожата, затоа не претерувајте.

Избегнувајте депилација

За да ја зачувате бојата, треба да избегнувате депилација бидејќи покрај влакната, восокот го отстранува и тенкиот површински слој на кожата и на тој начин го отстранува тенот. Наместо восок, користете пена за бричење и брич или депилатор.

Храната ја задржува бојата

Освен употребата на разни козметички производи, храната е многу важна за одржување на исончаниот тен. Експертите велат дека треба да јадете храна која е богата со бета-каротен бидејќи овој растителен пигмент не само што ја подготвува кожата за изложување на сончевите зраци, туку и го продолжува резултатот од потемнувањето. Затоа, во вашето дневно мени вклучете моркови, бадеми, соја, мисиркино месо, белка, сирење и лосос.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma