Во Европа нема униформни податоци за внесот на јод, па може само да се шпекулира за последиците од недостатокот.
Проф Др. Хенри Волцке од Медицинскиот факултет во Грајфсвалд, Германија вели: „Убеден сум дека подобрениот внес на јод може да ја направи Европа попаметна“.
Јодот е една од 50-те хранливи материи што ви се потребни секој ден за да бидете здрави. Тој е суштински минерал, исто толку важен како железото, магнезиумот или цинкот, иако не му се посветува потребното внимание.
Недостатокот на јод може да влијае на:
- Отекување на тироидната жлезда – како што се намалува нивото на јод во крвта, тироидната жлезда, сместена во вратот, станува се поголема. Тоа е затоа што се обидува да собере и она малку јод што го има во крвотокот.
- Ниско ниво на тироидни хормони – нискиот внес на јод ќе доведе до пониско ниво на самите хормони, кои се потпираат на јодот како градежен материјал. Двата тироидни хормони се Т4 или тироксин и Т3 или тријодотиронин. Т3 има три атоми на јод, а Т4 има четири атоми на јод.
- Зголемување на телесната тежина или неможност за слабеење – може да биде знак за недостаток или инсуфициенција на јод.
- Замор и слабост – бидејќи јодот е потребен за здрав метаболизам, тогаш недостатокот кој го забавува метаболизмот ќе направи да се чувствувате уморно. Повеќето луѓе со ниски нивоа на тироидни хормони и/или хипотироидизам доживуваат замор и општа слабост.
- Проблеми со концентрација, помнење и нарушувања на расположението – ниското ниво на тироидни хормони е поврзано со депресија и анксиозност. Ниските нивоа на Т4 и активниот тироиден хормон Т3 негативно влијаат на нивото на серотонин, допамин и ГАБА. Сите овие невротрансмитери влијаат на когницијата, однесувањето и расположението.
Како се спречува недостатокот на јод?
Најдобар начин да се спречи недостаток на јод е да се погрижите да консумирате доволно од овој скапоцен минерал секој ден.
Најдобрите извори на јод се рибата, ракчињата, морските плодови и морските алги.