Никогаш не ги подарувајте овие работи на ЛИЦАТА ШТО ГИ САКАТЕ: Се верува дека носат лоша среќа

popara22 август, 20231min00
da1093f2a1a7b534c58e064e57cbe83676d9beca

Според народните верувања, одредени предмети никогаш не треба да се подаруваат

Ако верувате во старите народни верувања тогаш не заборавајте дека има работи за кои се смета дека не се подаруваат бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на личноста на која и ги подарувате.

Остри предмети

Ножиците, ножевите и другите остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.

Огледало

Се верува дека во огледалата е заробена магија и затоа не треба да се купуваат како подарок. Наводно, поклонетите огледала му носат неволја во животот на оној што ги прима.

Часовник

Според народното верување, ако се случи часовникот да застане, тоа може да донесе лоша среќа. Најдобро би било да избегнувате да го купувате овој подарок.

Паричник

Можете да подарите паричник, но важно е да не е празен. Во тој случај личноста на која ќе и го дадете подарокот секогаш ќе има проблем со парите, пренесува „Stil“.

Садови

Ако сакате да подарите некому тенџере или чаши, ставете паричка во секој сад. Празните садови носат сиромаштија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma