Фановите ги гледаат заедно: Дали Зои Кравиц е совршена партнерка за Тејлор Свифт?

popara23 август, 20237min00
Зои Кравиц и Тејлор Свифт

Љубовниот статус на американската поп принцеза не престанува да ги интригира фановите,додека пак Тејлор Свифт го достигнува врвот на светската турнеја „Eras“, која завршува на крајот на следната година.Во нејзината љубовна историја се запишани 15 машки имиња, а најдолго издржа во врската со британскиот музичар Хари Стајлс и британскиот актер Џо Алвин, со кого американската поп принцеза Тејлор Свифт минатата година стави крај на шестгодишната врска.И додека светските медиуми се обидуваат да откријат колкава вистина има во гласините дека на познатата пејачка и трепери срцето од глетката на актерот Џо Кири, ѕвездата од серијата „Stranger Things“,кој пред својата актерска кариера беше гитарист и тапанар на псих-рок бендот Post Animal,за обожавателите на Тејлор Свифт нема дилемата со кого би била идеален пар и разговараат за тоа на TikTok.

Тејлор Свифт и Зои Кравиц неодамна беа гости на свадбата на нивната пријателка Маргарет Квали во Њу Џерси.Станува збор за  долгогодишна пријателка на актерката Зои Кравиц.Притоа, на нив воопшто не влијае тоа што Тејлор Свифт никогаш не била во врска со припадничка од ист пол, а Зои Кравиц веќе две години е во врска со колегата Ченинг Тејтум.И двете со години се дружат и се забавуваат заедно, а поголемиот дел од карантинот поради пандемијата на корона вирусот го поминаа заедно.Зои Кравиц е потпишана за ко-пишување на хит песните „Karma“ и „Lavander Haze“ – од кои последната Тејлор Свифт ја посвети на нејзиниот поранешен Џо Алвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

„Доколку Зои Кравиц беше машко,сите ќе шпекулираа за нивната врска,а вака сè оди под радар“, „Кога и да се заедно, одлично се забавуваат“, „Совршено се вклопуваат“, „Само продолжете храбро“ ,се коментарите на социјалните мрежи. Но, како и секогаш, времето ќе покаже колку вистина има, и дали воопшто ја има, во нивните добри желби.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Со оглед на начинот на живот  на Тејлор и фактот дека нејзината светска турнеја наскоро ќе продолжи во Јужна Америка, а потоа ќе се пресели во Азија, Австралија и Европа следната година и ќе заврши со серија концерти во Канада следниот ноември, прашање е колку Тејлор Свифт под овие околности, би можела да се посвети на нова врска. Но, вистинските факти никогаш, ниту сега,не можат да ги спречат (не)добронамерните желби и гласини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma