Состојки:
400 гр тестенини по желба
4 чешниња лук
100 гр рендан пармезан
250 мл млеко
350 мл пилешка супа
Подготовка:
На малку масло пропржете го сечканиот лук една минута. Истурете пилешка супа и млеко, додадете тестенини, сол по вкус. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете, повремено мешајќи, 20 минути или додека тестенините не омекнат. Промешајте го пармезанот, а ако сосот е премногу густ, додадете уште малку млеко. Тргнете го од оган и послужете го посипете со пармезан.