Ако користите повеќе бело месо наместо свинско, нерафинирани масла и леб од цело зрно, ќе си помогнете побрзо да ги изгубите вишокот килограми.
Кога станува збор за губење на тежината, оние кои се впуштаат во овој процес знаат дека може да бара многу. Сепак, постојат начини на кои можете да си олесните и да го забрзате слабеењето.
Нутриционист откри 10 работи кои побрзо ќе ве доведат до посакуваните резултати:
- Наместо бел леб, користете леб од цело зрно бидејќи има понизок гликемиски индекс и има 4 пати повеќе влакна.
- Наместо мајонез, користете домашни намази (хумус, пилешко или паштета од туна), бидејќи тие се нутритивно подобри и imaat поздрави состојки.
- Наместо свинско, користете бело месо или риба, бидејќи содржат помалку масти и холестерол и многу помалку калории.
- Користете нерафинирани масла (маслиново, сусамово) наместо рафинирани масла (сончогледово), бидејќи го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и холестерол.
- Наместо вегета, користете домашни сушени билни зачини, кои содржат помал процент на масти.
- Користете компири или тиквички наместо запршка, бидејќи добивате нутритивно поздрав оброк, без додадени масти и калории.
- Користете јаболков оцет, бидејќи го намалува холестеролот и триглицеридите.
- Наместо слатки, јадете овошје, бидејќи нема осцилации во енергијата.
- Заменете ги грицките со јаткасти плодови, бидејќи се богати со протеини и здрави масти.
- Водата со вкус треба да биде замена за газираните сокови, бидејќи не содржи шеќери кои можат да влијаат на вашата тежина.