Дали сличностите се привлекуваат? Откријте зошто некои луѓе веднаш се засакуваат

popara24 август, 20231min00
751168_shutterstock-691089019_m

Експертите тврдат дека најверојатно нè привлекува некој што е сличен на нас, но и дека привлечноста зависи од многу други фактори.

Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некого за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не.

– Кај некои луѓе привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно – вели сексуалниот терапевт Ли Норен.

– Во други случаи, сè може да оди во спротивна насока, а привлечноста кон партнерот, на пример, исчезнува и потоа исто толку неочекувано повторно се појавува неколку месеци подоцна – додала таа.

Ли објасни дека има многу фактори кои влијаат на привлечноста. Тие делуваат во исто време и можеби се поважни од изгледот на една личност.

Ова се факторите кои влијаат на моменталната привлечност:

Близина

Поголема е веројатноста да нè привлече некој кој е физички поблизок со нас, како што е некој што живее во нашето соседство или колега на работа.

Сличност

Исто така, поголема е веројатноста да нè привлече некој што е сличен на нас.

Сепак, тоа што сме слични не гарантира долговечност на врската или колку сме среќни заедно.

Физичка возбуда

Кога ќе сретнеме некој што не го познаваме, тоа ги зголемува шансите да почувствуваме моментална привлечност.

Ист е случајот кога сме физички возбудени, односно кога пулсот се зголемува како последица на адреналинот.

Расположение

Ни се допаѓаат луѓето кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, повеќе ги сакаме другите кога се чувствуваме добро за себе.

Поголема е веројатноста да не привлече некој кога сме расположени.

Помал избор

Кога имаме помалку потенцијални партнери за избор, ги гледаме присутните како попривлечни.

– Кога се чини дека партнерот е тешко да се фати, тогаш ни станува попривлечен – вели Ли Норен.

Изглед

Привлечноста што ја чувствуваме може да зависи и од тоа дали другите луѓе ја сметаат таа личност за привлечна. Зависи и од тоа дали во истата просторија има други луѓе чиј физички изглед ни е привлечен.

– Изгледот на личноста обично е поважен на почетокот на врската отколку подоцна – објасни терапевтката.

Хормони

Привлечноста што ја чувствуваме е делумно одредена од нашето сетило за мирис и хормоните.

Повисоко ниво на окситоцин и допамин може да го зголеми нивото на привлечност.

– Навистина има многу фактори кои влијаат на тоа дали некому ќе му бидеме привлечни или не – заклучила таа, а пренесува „Your Tango“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma