Хајди Клум прошета во фармерки за кои модните експерти велат дека ќе бидат најмодерни оваа есен!
Сите оние кои ја сакаат модата, сигурно го слават самиот крај на август. Септември е веднаш зад аголот, а трендсетерките едвај чекаат да ги истакнат комбинациите во кои парчињата многу полесно се комбинираат отколку за време на пеколните горештини. Какви новитети и да пристигнат, сите знаат дека фармерките никогаш не излегуваат од мода. Напротив, ќе доминираат во постудените денови во сите можни кроеви – за дневни и вечерни прилики.
Сепак, еден модел што модните експерти веќе го препорачуваат се фармерките во кои е фотографирана Хајди Клум. Познатата манекенка прошета во сестран модел кој одговара на сите прилики – фармерки од темен тексас, со прав крој и висок струк. Посебен впечаток оставаат деталите со џебови, а Хајди реши да го зачини аутфитот со ремен со тока во златна нијанса. Со корсет во иста боја и сандали на високи потпетици постигна комплетен моден погодок.
Овие фармерки веќе се сметаат за најмодерни за есен и зима 2023 година. Зошто моделот со рамен крој е совршен? Затоа што одговара на секој тип на тело и изгледа добро во чевли со високи потпетици, но подеднакво добро и во рамни чевли како патики. Можат да се стилизираат на многу начини, а нема сомнеж дека ќе се најдат во кој било бутик овој септември.