Една од работите што ќе ви помогнат да го намалите задржувањето на вода е да го намалите внесот на сол.
Општо познато е дека најголемиот дел од нашето тело го сочинува водата, а иако е многу важна за функционирањето на сите органи, може да предизвика и проблеми.
Најподложни на задржување на водата се нозете кои стануваат тешки, отечени, болни и уморни. Потоа прстите, зглобовите, а често и стомакот.
Други симптоми на задржување на водата се болки во зглобовите, висок крвен притисок и забрзано чукање на срцето.
Некои од причините за овој проблем се:
– лоша исхрана
– стрес
– проширени вени
– болести на црниот дроб, срцето и бубрезите
– одредени лекови и други.
Нутриционист дава неколку совети како да се справите со овој проблем:
– Исфрлете ја брзата храна, слатките и преработената храна.
– Јадете храна богата со калиум.
– Намалете го внесот на сол.
– Вклучете течности и вашата омилена физичка активност.