Не ви требаат хемикалии
Поради остатоците од храна и маснотии кои завршуваат во одводот во мијалникот, во цевките се акумулираат бактерии бидејќи полесно се лепат кога ќе се оладат, па не е чудно што повремено во кујната се враќаат непријатни мириси од нив.
Овие акумулации може да доведат и до затнување на одводот, па затоа е многу важно редовно да се одржува хигиената на мијалникот и одводот.
За ова често се користат „тешки хемикалии“, а наместо да купувате средства, можете да искористите и некои од овие трикови, кои се покажаа како ефикасни за отпушување на одводите и отстранување на непријатните мириси.
Сол и оцет
Ставете два литра вода да зоврие.
Измешајте 100 мл алкохолен бел оцет и три лажици сол.
Истурете ја смесата со оцет и сол во одводот и по пет секунди прелијте ја со врелата вода.
Сода бикарбона и оцет
Додадете 100 мл оцет во тенџере во кое претходно сте ставиле половина литар вода и оставете да зоврие.
Истурете 100 грама сода бикарбона во одводот.
Прелијте со смесата од топла вода и оцет.
Затнете го одводот со крпа или салфетки и оставете да отстои преку ноќ.
Следниот ден, само исплакнете со млака вода.
Сол и сода бикарбона
Во тенџере истурете литар вода и ставете го на шпорет додека не зоврие.
Потоа додадете пет лажици сол и пет лажици сода бикарбона и добро измешајте.
Потоа истурете сè во одводот.