5 совети како да престанете да јадете слатки! Овошните јогурти се исто така извор на скриени шеќери

popara25 август, 20231min00
652271_pexels-julio-melanda-1448721_m

Ако се работи за помала количина, шеќерот може да ни го подобри расположението. Но, ако го конзумираме прекумерно, последиците се поразителни.

Чоколадите, бонбоните, бисквитите и другите слатки кои ги сакаме не само што доведуваат до надуеност, проблеми со забите, косата, кожата, ноктите, туку создаваат и зависност.

Еве пет совети кои ќе ви помогнат да престанете да јадете слатки.

  1. Избегнувајте внес на шеќери во течна форма. Ова се однесува на газираните сокови и оние кои содржат поголеми количества шеќер. Честото консумирање на овој вид пијалоци во голема мера доведува до дијабетес (тип 2) и проблеми со надуеност. Кога сте жедни, обичната вода е најдобро решение.

  1. Елиминирајте ги скриените шеќери во вашата околина. Доколку јадете житарки за појадок, внимавајте на количината на шеќер во нив. Овошните јогурти се исто така извор на скриени шеќери.
  2. Почесто користете цимет. Изберете го овој зачин наместо обичен шеќер. Можеби на почетокот ќе ви недостига шеќерот, но циметот е многу поздрава алтернатива што можете да ја внесете во организмот.
  3. Ако сакате слатки, посегнете по четката и пастата за заби. Неверојатно е колкава промена ќе се случи кога ќе ги исчеткате забите. Свежината во усната шуплина испраќа импулс до мозокот да се откаже од побарувачката за шеќер. Ако немате при рака четка за заби, ќе ви помогне лута гума за џвакање без шеќер.
  4. Изберете природни засладувачи. Кога сакате да засладите некое јадење, посегнете по природни засладувачи како мед.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag