Откривањето на деменцијата во рана фаза може да им помогне на луѓето и нивните семејства подобро да ја разберат дијагнозата и да ја планираат иднината во склад со тоа.
Поради оваа причина, не е лошо да се знаат помалку познатите знаци кои можат да укажуваат на оваа болест. Научниците открија дека можете да забележите еден таков симптом додека се туширате.
Еден од чудните знаци на деменцијата е губењето на сетилото за мирис. Значи, ако не можете да го почувствувате мирисот на вашиот шампон, гел за туширање или сапун, тоа може да биде знак дека сте во раните фази на деменција.
Губењето на меморијата не е нужно знак за деменција, но способноста за препознавање мириси се карактеризира како еден од првите знаци.
Оваа студија ја објави Универзитетот во Чикаго, а истражувањето се базира на студија на 515 луѓе. Професорот Дејвид Стрејн, предавач на Универзитетот во Ексетер, рече дека деменцијата само значи дека мозокот не работи добро како некогаш.
Покрај губењето на меморијата и чувството за мирис, постојат и други симптоми кои укажуваат на оваа состојба, како што се: промени во расположението, тешкотии во извршувањето на секојдневните задачи, тешкотии во концентрацијата, отежнато зборување, конфузија во времето и просторот.
Со оглед на тоа што постојат различни видови на деменција, некои од овие симптоми можеби нема да бидат веднаш забележливи, пренесува „Klix.ba“.