Откријте како да ја намалите сметката за струја!

popara25 август, 20231min00
751669_pexels-houzlook-com-3926542_m

Ако вашите сметки за струја се астрономски, можете лесно да ги намалите со попаметно користење на кујнските апарати.

Ако сакате да готвите и често сте во кујната, тоа значи дека трошите многу струја во неа.

Фрижидерот е најголем потрошувач на електрична енергија во домаќинството со учество од околу 25 отсто, што е четвртина од вкупната потрошувачка. А каде се шпоретот, машината за миење садови, микробрановата печка, малите апарати за домаќинство…

Ви даваме неколку совети како да ја намалите сметката за струја.

Кога варите, тенџерето секогаш приспособувајте го на количината на храна. Ако користите поголемо тенџере за мала количина храна, ќе загреете повеќе вода отколку што е потребно. Кога ќе го ставите капакот на тенџерето, можете да заштедите до 20 проценти од потрошувачката на електрична енергија.

Експрес лонецот е одличен избор за многу јадења – ручекот е готов брзо, а патем заштедувате струја или гас.

Исто така, исклучете ја индукциската плоча неколку минути пред да биде готово јадењето, бидејќи ќе ја задржи топлината некое време и храната ќе продолжи да се готви.

Кога загревате вода за кафе или чај, на пример, секогаш правете го тоа во електричен чајник. Тој е многу поисплатлив бидејќи најбрзо ја загрева водата, а во исто време постигнува и најмала потрошувачка. Варењето кафе на шпорет троши многу повеќе електрична енергија.

Исто така, кога сакате да го загреете ручекот, правете го тоа во микробранова печка, а не во рерна и ќе заштедите до 50 проценти од електричната енергија.

Редовно одмрзнувајте го фрижидерот, бидејќи густите наслаги на мраз може да предизвикаат ладилното средство во испарувачот да апсорбира помалку топлина. Последица е тоа што единицата за ладење се вклучува почесто, односно фрижидерот троши повеќе електрична енергија.

Поврзете ја машината за миење садови на приклучокот за топла вода, наместо на ладната, бидејќи најголемиот дел од енергијата се троши за загревање на водата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma