5 процеси кои се одвиваат во нашиот мозок кога сме ФИЗИЧКИ АКТИВНИ

popara26 август, 20231min00
shutterstock2308294777-830x0

Сите добро знаеме дека вежбањето е клучно за добро здравје.

Се советува да избереме некоја физичка активност која ќе ни користи, но и ќе ни донесе здравствени придобивки, било да е тоа обична прошетка, трчање, теретана или некој групен тренинг.

Освен што прави да изгледаме подобро, што се случува во нашиот мозок кога вежбаме?

Според невропсихијатарите, ова се процесите кои се случуваат во нашиот мозок кога сме физички активни.

1. Протокот на крв во мозокот се зголемува

Физичката активност го стимулира ослободувањето на хемикалии кои ги прошируваат крвните садови, што доведува до зголемен проток на крв и кислород во мозокот, а за возврат го промовира здравјето и оптимално функционирање, велат експертите.

Вашата рутина за вежбање нема да ве претвори во Ајнштајн преку ноќ, но истражувањата покажуваат дека ќе го подобри целокупното когнитивно функционирање и ќе ви помогне да бидете сигурни, вели Pure Wow.

2. Настанува неврогенеза

Тренирањето не само што ќе создаде привремен наплив на крв во главата, туку може да има и некои добри долгорочни придобивки.

– Се покажа дека вежбањето промовира создавање на нови неврони во хипокампусот, дел од мозокот кој е клучен за учење и запомнување на нештата – вели д-р Санам Хафиз, невро и детски психолог.

Оваа студија од 2018 година тврди дека оваа хипокампална неврогенеза не само што резултира со горенаведеното, туку има и невропротективни придобивки што го забавуваат когнитивниот пад.

3. Сивата материја се зголемува

Д-р Хафиз истакнува дека редовната физичка активност е поврзана и со подобрување на вниманието, концентрацијата и вештините за решавање проблеми. Студијата покажа дека редовното, умерено вежбање доведува до зголемување на сивата материја во предниот дел на мозокот, која е одговорна за гореспоменатите вештини.

4. Ендорфинот се ослободува

Вежбањето го стимулира ослободувањето на ендорфини во мозокот кои придонесуваат за општа среќа, па оттука и блаженото чувство што го добивате веднаш по добар тренинг.

Како функционира ова? Ендорфините се хормони произведени од мозокот за ублажување на болката и се ослободуваат за време на стресни и пријатни активности. Откако ќе се ослободат, ендорфините се врзуваат за опијатните рецептори во мозокот и резултатот е прекрасен.

5. Се ослободуваат невротрансмитери кои го регулираат расположението

Тренингот е исто така поврзан со зголемено производство и ослободување на допамин и серотонин, невротрансмитери кои влијаат на регулирањето на расположението, социјалното функционирање и спиењето.

Ефектот е јасен: вежбањето е добар метод за ублажување на симптомите на депресија и анксиозност преку промовирање на ослободувањето на овие невротрансмитери кои го подобруваат расположението.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma