ПРИРОДЕН ПРЕПАРАТ ЗА РАСТ НА КОСАТА: Ќе ѝ помогне на вашата коса да изгледа негувано во претстојниот есенски период

popara26 август, 20231min00
shutterstock533050531-830x0

Во текот на летото косата ни слабее и побрзо се крши, па потребна е дополнителна грижа за нејзиното здраво одржување, како подготовка за претстојната есен.

Поради недостаток на време, најчесто купуваме готови производи, но можеби не е на одмет да пробате нешто природно, токму од вашата кујна. Порталот „Julyblossom.com“ предлага вода од рузмарин за побрз раст на косата и обновување на косата.

Што ви треба?

2 чаши филтрирана вода
1 лажица јаболков оцет
1 рака сув рузмарин
1 рака нане
сад и шише со распрскувач

Подготовка:

Во тенџере зовријте вода. Кога ќе зоврие додадете рузмарин и нане, па намалете ја топлината на шпоретот. Оставете да врие околу 20 минути.

Кога смесата ќе се олади додадете го јаболковиот оцет. Промешајте и истурете во шише со распрскувач.

Како да се користи оваа вода?

Откако ќе ја измиете косата, со шампон и регенератор, полека испрскајте ја оваа вода од рузмарин по целата коса. Не е неопходно да се плакне со вода, бидејќи трикот е да го задржите на косата што подолго до следното миење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma