Околувратниците и крагните полесно ќе ги испеглате ако ги провлечете низ врвот од пеглата.
Многу луѓе не го сакаат пеглањето и бараат различни начини да ја избегнат оваа обврска. Меѓутоа, ако имате облека која многу се тутка и не се исправа, без разлика колку ја тресете додека е мокра или ја закачувате на закачалка, пеглањето е вашата единствена опција.
Сепак, тука има еден финта, за која многу луѓе не знаат, а се однесува на нејзиниот врв.
Сигурно сте забележале дека помеѓу плочата и пластичниот дел има мал простор, а овој простор има дополнителна функција.
Околувратниците и крагните ќе се испеглаат полесно и попрецизно ако ги провлечете токму тука.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.