Наједноставниот рецепт за вашиот омилен десерт
Децата особено ги сакаат колачињата, а можете да ги направите на многу различни начини. Одлични се како ужина и лесно се прават. Иако има индустриски во најразлични форми и вкусови, меѓу најомилените се оние кои содржат чоколадо за готвење, а на децата особено ќе им се допаднат. Ако сакате вашата кујна рано наутро да мириса на прекрасен десерт, еве како да направите колачиња со парчиња чоколадо.
Состојки:
250 гр глатко брашно
140 гр путер
80 гр шеќер
кесичка ванилин шеќер
кесичка прашок за пециво
едно јајце
150 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Со миксер изматете ги путерот шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете го јајцето и дополнително изматете со миксер. Во смесата додадете ги брашното и прашокот за пециво. Чоколадото исечкајте го на парчиња и додајте го на крајот и со рака составете го тестото, т.е смесата, не со миксер. Од смесата направете поголеми топчиња. Печете во тава обложена со хартија за печење 12 минути на 180 степени во загреана рерна. Треба да се внимава да не се препечат. Кога ќе се извадат од рерна, колачињата се меки и се топат во устата.
Уживајте!