Секој од нас излажал барем еднаш во животот, макар тоа да било со најдобра намера. Понекогаш е тешко да се утврди дека некој не ја кажува вистината, но експертот за „читање“ на лица, емоции и говор на телото, Адриен Картер, открива три сигурни знаци кои го издаваат лажгото.
Погледот им талка лево-десно
Причината зошто очите им лутаат лево-десно е да проверат дали луѓето им веруваат, а тоа може да го прават и од нервоза да не бидат фатени во лага.
Брзо трепкање
Ако лицето трепка невообичаено брзо додека разговарате, тоа е речиси сигурен знак дека му е непријатно затоа што е фатен во сопствената лага, а трепкањето се случува поради стресот што го чувствува одвнатре.
Го допира лицето
Допирањето на лицето е движење кое лажгото го користи за да се обиде да се смири. Кога го допира лицето тоа значи дека се чувствува непријатно и ранливо.