Сладолед тортата можете да ја направите и сами, и тоа многу едноставно
Сладоледот го сакаат сите генерации, а одлично освежување е кога надвор температурите се високи. Сè попопуларни стануваат и колачите со сладолед, кои лесно се прават со само неколку состојки. Единствениот „недостаток“ на леденото уживање е чекањето да замрзне. Состојките можете да ги бирате во зависност од тоа што сакате, а наш предлог е сладолед торта со чоколадо и бисквити.
Состојки:
500 мл слатка павлака
150 гр млечна чоколада
бисквити
Подготовка:
Слатката павлака изматете ја убаво, па поделете на 2 дела. На едниот додадете растопено чоколадо и изматете. Калапот обложете го со проѕирна фолија, па истурете го чоколадниот фил и израмнете го. Одозгора наредете ги бисквитите, па намачкајте го белиот фил и израмнете. Ставете во замрзнувач 3 часа.
Уживајте!