Иако денес рестораните (особено оние за брза храна) често и отворено се фалат со специјалитетите од свинска маст и со „планина од калории“, лекарите често забележуваат дека за доброто на срцето таквата храна секогаш треба да се избегнува, без разлика на возраста, и иако ниедна храна нема да ни предизвика инфаркт или ненадејно застанување на срцето, др. Џеф Етертон нагласува дека можеме да уживаме во речиси секој вид на храна; се додека го следиме непишаното правило кое важи за сите животни радости и задоволства; она за умереноста, пренесува „Thrillist“.
Инаку, по долго време консумирање на големи количини, овие намирници можат да бидат најопасни за кардиоваскуларното здравје, посочува докторот кардиолог.
Помфрит
Всушност ниедна пржената храна не е здрава за срцето, бидејќи секоја од нив е богата со заситени и транс масти, две работи кои треба да сочинуваат мал процент од нашата исхрана. А од сите пржени задоволства, помфритот се издвојува како најлош. „Тоа е како да сте земале парче чисти јаглени хидрати, а потоа сте го испржиле и добро го посолиле“, објаснува Етертон, но „проблемот е што нашите тела копнеат за натриум и лоши масти“. Обидете се да го замените помфритот со здрави грицки на билна база кои се исто така вкусни, советува тој.
Преработени месни производи (особено колбаси)
Преработеното месо нема добра репутација меѓу кардиолозите бидејќи таа категорија на храна (која вклучува сланина, шунка, колбаси и виршли) го зголемува ризикот од срцева слабост. Но, спротивно на популарното верување, Етертон вели дека сланината не е најлошата намирница во категоријата; поради повисокиот процент на заситени масти, колбасот е најлош. „Затоа можеби ќе се чувствувате малку подобро ако за појадок испржите неколку парчиња сланина со јајца“та, вели докторот, а пренесува „Večernji list“.
Црвено месо
Црвеното месо има значително количество на холестерол и заситени масти, како и супстанца слична на аминокиселината, Л-карнитин, која е лоша за здравјето на срцето. „Да бидете сигурни, ограничете го внесот на немасно црвено месо на помалку од 10 проценти од вашата исхрана“, вели кардиологот, додавајќи дека, тоа важи и за свинското, кое исто така е полно со заситени масти.