Чајот од маточина е исклучително здрав напиток со пријатен вкус
Освен што ја ублажува нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција. Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Сепак, за целите на детоксикацијата, се препорачува да се користат свежи листови од маточина бидејќи варењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица.
Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста кога се зема во големи количини.
Како да направите чај од маточина:
Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте. Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство може да се заслади со малку мед.