Лесно се подготвуваат и се погодни за ненадејни гости
Нема некој кој не ги сака малите, неодоливи топчиња од кокос попознати како рафаело.
Постојат различни рецепти по кои може да се направат, а ние ви пренесуваме еден брзински. Се што ви треба се само три состојки, а подготовката е повеќе од едноставна.
Состојки:
- 250 гр кокос
- 170 мл кондензирано млеко
- 15 лешници или бадеми
Подготовка:
Измешајте го кокосот (оставете малку за валкање на бомбиците) со кондензираното млеко и добро соединете. Кога ќе добиете компактна смеса, земете мали делови и формирајте бомбици.
Тријте го меѓу дланките, па на средина ставете лешник или бадем, зависи за што сте се одлучиле. Секое топче извалкајте го во преостанатиот кокос и добро изладете во фрижидер пред послужување.
Уживајте!