Заводлив поглед под рамките! Совршена шминка за жени кои носат очила

popara27 август, 20231min00
750604_shutterstock-1304577244_m

Тоа што носите очила не значи дека треба да заборавите на шминката. Ви носиме неколку совети како да блеснете во полн сјај!

Сфатете ги вашите очи како слика, уметничко дело. Очилата се само рамката на таа слика. И за да привлечете внимание на уметничкото дело – треба да ги користите вистинските бои. Ви носиме десет совети како да блеснете во полн сјај!

  1. Клучот е во рамнотежата

Доколку сте љубител на големи и привлечни рамки, сенката за очи треба да биде неутрална, а усните да ги нагласи со светлиот кармин.

  1. Соодветна маскара

Ако вашите трепки често ги допираат стаклата на очилата и ги валкаат, едноставно заменете ја старата маскара со нова. На пример, ако користите некоја со сува формула, заменете ја со водоотпорна.

  1. Свиткајте ги трепките

Уште еден начин да спречите трепките да се залепат за стаклото е да ги свиткате. Покрај тоа, тие визуелно ќе бидат подолги.

  1. Инвестирајте во козметика

Очилата првенствено го привлекуваат вниманието на вашите очи, но сите неправилности на лицето, црвенило и темни дамки можат да бидат повидливи доколку носите очила. Најдете ја вистинската нега за вашиот тип кожа и негувајте ја.

  1. Средете ги веѓите

Веѓите мора да ги следат контурите на лицето и многу е важно да не се изгубат зад рамките на очилата. Редовно кубете ги, а недостатоците камуфлирајте ги со молив.

  1. Хармонија на бои

Не, не мислиме дека моливот за очи мора да одговара на рамката. Размислете за очилата како суштински моден додаток. Ако носите црна рамка, на располагање ја имате секоја нијанса на ајлајнер од темно сина до тиркизна. Имате кафеава рамка? Дополнете со нијанси на оникс.

  1. Наслаги од пудра

Ако често наоѓате дамки од пудра, ББ крема или сенка за очи на очилата – не сте сами. Затоа најдобро е секогаш со себе да имате сунѓерче за шминкање кое лесно ќе го употребите под очите и над носот за да го отстраните вишокот шминка.

  1. Уредност

Кога ќе ја прилагодите шминката на очилата, златното правило е дека таа не треба да „извира“. Тоа значи дека сенката за очи не треба да ја преминува горната линија на рамката за да не изгледа неуредно.

  1. Неутрални бои

Избегнувајте ги темните нијанси. Ако очилата ви ги зголемуваат очите, тие ќе изгледаат премногу сериозно и дополнително ќе ги нагласат. Од друга страна, ако очилата визуелно ги намалуваат очите, темната шминка дополнително ќе ги намали. Изберете неутрални нијанси, како шампањ или бледо розова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag