Жените се посомничави од мажите: Дури една третина редовно го проверува телефонот на својот партнер

popara27 август, 20231min00
676

Дали некогаш сте се посомневале во вашиот партнер? И ако е така, што сте направиле со тоа?

Логиќно е да прво кога се сомневате, барате докази. Но, како го правите тоа?

Ретко кој, кога изневерува, тоа го прави очигледно и затоа шансите на страната која се сомнева дека е измамена да најде докази врз основа на однесувањето се минимални.

Во такви случаи, оној што се сомнева дека е измамен, се обидува да пристапи до информациите што се наоѓаат во телефонот или компјутерот.

Спроведеното истражување покажува дека жените се многу посомничави од мажите и сметаат дека единствениот рецепт за сигурност во нивната врска е постојаното следење, а повеќето од нив не застануваат на пораките, туку ги проверуваат сите контакти на мобилните телефони на партнерот.

Ова истражување покажало и дека повеќе од една третина од жените сметаат дека е прифатливо да ги читаат пораките на партнерот доколку се сомневаат дека тој ги изневерува.

Дури 37 отсто од жените признале дека секогаш ги читаат сите пораки на партнерот, додека мажите имаат помала потреба од шпионажа, па 29 отсто од нив ги читаат пораките на своите девојки.

Покрај ова, се проверува и профилот на Фејсбук, како и сметките кои партнерите ги имаат на другите социјални мрежи.

Забележано е и дека ваквото однесување почесто се забележува кај младите, бидејќи 36 отсто од луѓето на возраст меѓу 18 и 35 години го сметаат ваквото однесување за прифатливо, додека само 26 отсто од луѓето над 55 години го мислат истото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag