Најчести митови за шампоните и миењето на косата: Проверете дали правите некоја од овие грешки

popara8 декември, 20241min00
b7919fa86a6417e5865f6d0d357a03708db9d6e2

Доколку сакате сјајна и бујна коса, погрижете се за овие работи

Шампонот е незаменлив дел од морето препарати кои секојдневно ги користиме за одржување на личната хигиена. Сепак, толку сме бомбардирани со реклами и информации за неговите магични својства, маслата и екстрактите што ги содржи, што често се прашуваме дали навистина е така. Затоа е време да ги откриеме сите митови поврзани со овој производ.

  1. Ако шампонот не пени, не е добар

Сигурно сте слушнале дека дека колку повеќе пена прави шампонот, толку вашата коса ќе биде почиста. Тоа апсолутно не е точно! Сапуницата е тука само за психолошки ефект врз корисниците. Идеално, шампонот треба да создаде доволно пена за да може раката полесно да се лизга низ косата и скалпот, па отсега натаму, запомнете дека само четвртина од количината на сапуница на која сте навикнати е доволна за да ја одржувате косата чиста.

  1. Квалитетните производи ги опоравуваат расцветаните краеви

Единствениот лек за испуканите краеви е шишањето! Додека не закажете термин кај фризер, маскирајте ги расцепените врвови на косата со препарати кои содржат силикон или пчелин восок.

  1. Секојдневното миење ја оштетува косата

Секојдневното миење на косата е безбедно и здраво, но се додека не користите груби шампони кои ги отстрануваат природните масла од косата и скалпот. Ако имате многу мрсна коса, секојдневното миење дефинитивно добро ќе ви дојде. Сепак, користете ги најнежните шампони со силикон, шеа путер или пантенол. Луѓето со оштетена или сува коса треба да ја мијат еднаш неделно. Без разлика на типот на вашата коса, не заборавајте да нанесете регенератор после миење.

  1. Комбинацијата од шампон и регенератор е измама

Искрено, ова не е измама само. Шампонот ја чисти, а регенераторот ја храни косата, па доколку сакате да ја одржувате здрава и сјајна, оваа комбинација е хит.

  1. Шампонот мора да го менуваме на секои шест месеци

Воопшто не ни е јасно кој измислува вакви совети. Косата е така речено мртва, па не може да се навикне на нешто. Едноставно се работи за вашата перцепција за тоа како косата реагира на новата формула. Значи, ако ви одговара одреден тип на шампон, нема причина да го менувате.

  1. Завршното плакнење со ладна вода и дава сјај на косата

Истурање на ладна вода на главата само ќе ве разбуди, но нема да направи вашата коса да блесне. Од друга страна, последното миење со млака (не топла) вода ќе ја направи вашата коса кадифена!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag