Не дозволувајте растенијата ДА ВИ ОВЕНАТ: Едноставен трик кој ќе ви помогне да станат бујни и зелени

popara28 август, 20231min00
14c1cfdcdc47c4ead1aad2f368e6f90f273f1ca7

Постои еден многу едноставен трик со кој вашите растенија никогаш нема да пропаднат и венеат, а се што ви треба е филтер за кафе.

Веројатно сте слушнале или виделе какви ефекти се постигнуваат со ставање чакал на дното на саксиите. Тоа е истата идеја, но филтрите за кафе се поедноставни, поевтини и заземаат помалку простор во саксиите. И ова значи дека има повеќе земја во саксијата – за што растенијата ќе ви се заблагодарат!

Малите хартиени филтри имаат многу намени – а некои се многу корисни за вашите растенија и градина!

Ставете го филтерот за кафе на дното на садот за цвеќе. Треба да се стави помеѓу почвата и дренажните дупки на садот – каде што обично поминуваат вода и нечистотија. Кога ќе го направите ова, филтерот ќе ја пушти водата и ќе ја задржи нечистотијата.

Зошто се корисни?

Многу често нечистотијата ги затнува отворите, а тоа го спречува поминувањето на вишокот вода, како и протокот на воздух. Ова може да предизвика гниење на корените на растението и на крајот, венеење.

Постои уште еден трик за кој се идеални филтрите за кафе.
Бидејќи впиваат, тие ќе ја задржат влагата секогаш кога ќе ги наводните цвеќињата. Нема да има премногу влага за корените да изгнијат. Значи, ако сакате да користите филтри за кафе, нема да морате да го полевате растението толку често.

И последно, но не и најмалку важно, филтрите за кафе се корисни кога треба да пресадите растение. Ќе ја спречи почвата да не се распаѓа наоколу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag