Ако сакате домати, јадете ги во големи количини – тие се богати со ликопен, кој не само што ја штити кожата од УВ зраците туку и помага во синтезата на колаген…
Со текот на годините, кожата на лицето старее бидејќи колагенот, кој е одговорен за младешкиот изглед, делува побавно. Овој протеин е главната состојка на многу козметички производи за нега на зрела кожа, но го има и во многу намирници. Доколку сакате да ги намалите брчките и да ја зачувате еластичноста на кожата, погледнете кои намирници богати со колаген треба да ги вклучите во вашето дневно мени.
Што е колаген?
Колагенот е протеин кој ја прави кожата млада, но го има и во косата, зглобовите… По 25-тата година производството на колаген во телото значително се забавува.
Телешка супа и лосос
Телешката супа содржи биоактивен протеин кој го стимулира производството на колаген во телото. Оваа супа е богата со колаген тип 1, кој најмногу го има во кожата.
Телешката супа содржи биоактивен протеин кој го стимулира производството на колаген
Лососот е богат со цинк и минерали, исто така клучни за производство на колаген. Омега 3 масните киселини ја негуваат кожата и ја прават похидрирана, што придонесува за нејзината еластичност и цврстина.
Зелен зеленчук и цитруси
Зелениот лиснат зеленчук е богат со хлорофил, кој ја забавува редукцијата на колагенот во организмот, па затоа неговото присуство во исхраната е многу важно кога станува збор за забавување на процесот на стареење. Хлорофилот ја штити кожата од УВ зрачење, како и од слободните радикали, кои се штетни за нејзиниот младешки изглед.
Кај цитрусите, акцентот е ставен на витаминот Ц, кој им помага на аминокиселините да произведуваат пролин, кој е супстанца од која зависи производството на колаген.
Домати и бобинки
Ако сакате домати, јадете ги во големи количини – тие се богати со ликопен, кој не само што ја штити кожата од УВ зраците туку и помага во синтезата на колаген.
Малините, капините, боровинките го спречуваат разградувањето на колагенот поради дејството на штетното УВ зрачење.
Семки од тиква и чиа
Семките од тиква се богати со цинк, кој го стимулира производството на колаген во телото. Се препорачува да се консумираат две лажици исчистени семки дневно.
Истото важи и за чиа семето.