Совет кој може да ви помогне да се ослободите од непријатните мириси
Кога готвиме, во станот често се појавуваат разни мириси на храна. Но, постои начин како брзо да ги неутрализирате, потребни ви се само лимон и сол.
Лимонот исечете го на четири дела, но четвртините не ги одвојувајте, само малку раширете ги. Исечениот лимон посипете го со сол.
Потоа ставете се во тегла, посолете уште малку и затворете ја. Оставете да отстои неколку минути, а потоа извадете едно парче на тацна.
Ставете го лимонот онаму каде што најмногу ви одговара и почекајте да почне да делува.
Солта ќе ги впие сите непријатни мириси, а лимонот ќе шири освежителен мирис.