Елтон Џон се лизнал во својот дом и завршил во болница
Пејачот итно бил пренесен во болница откако се здобил со повреди по падот во неговата вила во Ница, Франција. Музичарот (76) итно бил пренесен во болница во соседниот Монако по инцидентот доцна во неделата вечерта, изјави неговиот тим за „Miror“.
– Можеме да потврдиме дека Елтон се лизнал во својот дом на југот на Франција и дека превентивно ја поминал ноќта во болница – пишува во соопштението од неговиот тим и се додава дека музичарот е во добра состојба и е дома:
– По прегледот, утринава веднаш е отпуштен и сега се врати дома во добра здравствена состојба.