Навики кои нѐ чинат вид!

popara17 август, 20241min00
Screenshot_1

Одредени навики имаат штетно дејство за нашите очи. Доколку сте љубители на модерната технологија, веројатно сте се соочиле со одредени тешкотии кога станува збор за здравјето на очите и добриот вид.

 

 

 

 

Кои навики влијаат при оштетувањето?

 

  1. Гледањето филмови на лаптоп или таблет

 

Гледањето филмови, серии или долгото читање од лаптоп или таблет е многу штетно за видот. Близината на екранот штетно влијае на очите поради што доаѓа до појава на главоболка. Добро е да правите пауза по неколку минути и да гледате во друг правец.

 

  1. Читање во текот на возење

 

Долгото возење може да биде прилично досадно, но наместо читање најдете друга активност. Во текот на читањето при возење вашите очи постојано се во движење па се трудат да се фокусираат. Со оглед на тоа дека вашите раце поради возењето постојано се движат, окото повеќе се уморува и двојно се оптоварува за разлика кај обичното читање, поради што може да почувствувате главоболка и заматен вид.

 

  1. Премалку спиење

 

Недоволното спиење предизвикува темни подочници, но и лошо влијае на вашите очи. Во текот на ноќта очите се регенерираат и одмораат. Прекраткото спиење не му дава на окото да одмори, па може да предизвика пукање на капилари и суво око.

 

  1. Премалку трепкање пред компјутер

 

Колку пати ви се случило во текот на читање, играње игри или пишување да се загледате во екранот и едноставно да заборавите да трепкате?

 

Тоа предизвикува сушење на окото и иритација како пецкање и чешање. Ако имате вакви симптоми набавете си капки кои го влажнат окото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag