Меган Маркл изгубила седум килограми од стрес: „Има постојан проблем со парите, а Хари ја остава сама дома“

popara29 август, 20231min00
Screenshot_7

Меган Маркл изгубилa многу килограми поради проблемите во врската со принцот Хари и финансиските тешкотии со кои се соочи парот откако го загуби договорот со Спотифај, пренесува списанието Life & Style, цитирајќи анонимен извор.

 

 

 

 

„Кога Меган е под стрес, таа речиси не јаде. Пријателите велат дека изгубила најмалку 7 килограми. Таа нема апетит кога е нервозна “, вели инсајдерот.

 

Откако Меган и Хари го загубија нивниот мултимилионски договор со Spotify, вели изворот, тие бараат да најдат нови начини за „да се етаблираат како успешни луѓе“.

 

„Таа е под постојан притисок да се прослави во Холивуд, прави обиди за опоравување од стресовите, има постојани проблеми со парите, освен тоа, Хари многу патува и ја остава дома сама – сето тоа остава свој белег на неа. Меган е под константен стрес, а пријателите се плашат дека може да се разболе“, продолжува изворот.

 

Инсајдерот додаде дека на Меган Маркл и принцот Хари им е тешко да го одржат начинот на живот на кој се навикнати.

 

„Да се ​​биде милионер во долгови е исклучително стресно. Понекогаш Меган не може да спие навечер поради тоа“, тврди изворот близок до парот.

 

Претходно, странските медиуми објавија дека Маркл се подготвува да го релансира својот Инстаграм профил под ново име, а еспертите за маркетинг проценуваат дека еден рекламен пост на нејзиниот Инстаграм профил може да чини и над милион долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma