Ново истражување дошло до неочекувани заклучоци: Љубов на прв поглед не постои?

popara29 август, 20231min00
ac028b9cf1541094b741d03ae144f5298ccb7e9e

И додека многумина веруваат во љубов на прв поглед, науката не би се согласила со тоа

Додека многумина веруваат во љубов на прв поглед, има луѓе кои го тврдат спротивното и веруваат дека љубовта постепено се „гради“, а науката исто така ја поддржува оваа теза.

Според една студија објавена во списанието „Journal of the international association for relationship research“, љубовта на прв поглед речиси секогаш претставува „силна почетна привлечност“, односно страст.

Истражувањето, во кое учествувале 200 испитаници (од кои 60 проценти биле жени), било поделено во три фази: онлајн анкета, лабораториска студија и состаноци лице в лице, кои траеле најмногу 90 минути. По средбата со спротивниот пол, учесниците во студијата биле прашани дали чувствуваат нешто како љубов на прв поглед и до кој степен ја сметаат личноста физички привлечна, а тоа се мерело низ интимност, посветеност и страст.

Само 32 испитаници изјавиле дека чувствуваат љубов на прв поглед, најзастапена компонента била привлечноста, додека интимноста и посветеноста отсуствуваат. Љубовта на прв поглед главно ја доживувале само мажите, а интересно е што ниедно такво искуство не било взаемно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma