Како изгледа Мишел Фајфер без шминка?Познатата актерка го откри своето вистинско лице со фотографија во пижами

popara29 август, 20234min00
Мишел Фајфер

Титулата фатална жена и понатаму одлично и прилега.Познатата актерка Мишел Фајфер оваа година наполни 66 години.И покрај тоа што е во седмата деценија од животот, актерката нема проблем да ја прифати староста таква каква што е – убава, мирна и достоинствена.

Таа не е од оние жени кои со сите сили се трудат да бидат тоа што не се. Таа едноставно сака да им покаже на жените дека доцните години имаат свој шарм и дека не треба да се срамат од нив.

 

Неодамна Мишел реши на своите следбеници да им покаже бренд на пижами во кои ужива кога оди да спие, а во таа прилика сподели фотографија непосредно пред спиење.

Се чини дека Мишел го направила вечерниот ритуал на чистење на лицето, вадење шминка и нечистотии, бидејќи она што имавме можност да го видиме на фотографијата ги воодушеви сите.

 

Актерката сподели селфи без шминка или нешто друго на лицето.Брчките се видливи, но ништо од тоа не е грдо,тоа е сосема природно,а за жена која е во 7-та деценија од животот ова е многу убаво, негувано лице, кое со гордост ги носи брчките.

Веднаш по објавата,коментирале нејзините следбеници,кои го пофалиле нејзиниот природен изглед и кои  рекле дека многу други жени кои се занимаваат со јавна работа треба да ја имитираат.

 

Секоја година е убава на свој начин, а староста не е нешто што треба да се избегнува, туку треба да се прегрне и да се ужива во сето она што го носи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma