Кулинарските мајстори советуваат: Сите трикови за најмеко тесто – Со помош на овие трикови ќе биде „меко како душа“

popara29 август, 20231min00
96a78521f975be6dd7087ae6025e58e784605979

За толку вкусно тесто како она од пекара, применете неколку трикови од професионалците

Кога се вели дека тестото е „меко како душа“, тоа значи дека е совршено. За да го замесите токму така, покрај добрата волја и прецизната вага во кујна, важно е да совладате и одредени трикови.

Кулинарските мајстори ве советуваат да избегнувате путер и маргарин со намален процент на масти бидејќи нема да има добар вкус. Не додавајте премногу прашок за пециво бидејќи тестото прво ќе нарасне, а потоа ќе опадне, па нема да ви успее.

Можеби најважно за добро тесто е како и колку долго ќе го месите. Треба да го месите најмалку десет минути за да ја добиете вистинската текстура.

Едно од важните правила што ги знае секоја домаќинка е дека треба да „одмори“ за квасецот да си го направи своето. Треба да биде меко и двојно да нарасне.

Можете да проверите дали тестото е подготвено за печење на следниот начин: обликувајте го во топка и притиснете со прст – тестото треба да се врати во првобитната форма како да е еластично.

Важна е и големината на калапот, но особено треба да се внимава при печењето, особено во последната фаза, тестото да не биде препечено или суво. Лебот се пече на висока температура од 200 степени и на највисоката решетка во рерната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma